Политичка расправа во Ерменија ескалираше и заврши со физичка пресметка директно пред телевизиските камери.
Новинарот Борис Мурази и политичкиот аналитичар Харутјун Мкртчјан се степаа за време на дебата на ерменската јавна телевизија.
Емисијата била снимена на 13 ноември, а два дена подоцна била емитувана во целост, вклучувајќи ги сите меѓусебни навреди и самиот физички судир. Ваквата одлука на телевизијата да го пушти инцидентот без цензура предизвика лавина реакции и остри критики од страна на медиумскиот регулатор.





