ПРВ.мк
Спорт

11 МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА РАСИЗАМ КОН МБАПЕ: Навивачот на Овиедо доби и забрана за влез на стадиони!

11 МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА РАСИЗАМ КОН МБАПЕ: Навивачот на Овиедо доби и забрана за влез на стадиони!

Шпанскиот суд изрече затворска казна од 11 месеци за навивач на Овиедо, кој упатувал расистички навреди кон француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе за време на натпреварот против Реал Мадрид, одигран на 24 август 2025 година.

Инцидентот се случил на стадионот „Карлос Тартиере“, откако Мбапе постигнал гол во 37. минута од средбата. Навивачот тогаш упатувал расистички навреди кон францускиот напаѓач, користејќи и навредливи гестови и имитирајќи мајмун. Снимките од неговото однесување набрзо се прошириле на социјалните мрежи.

Покраинскиот суд во Астурија го прогласил навивачот за виновен за кривично дело од омраза. Освен затворската казна од 11 месеци, му била изречена и парична казна, како и забрана за вршење одредени професионални активности во времетраење од три години и 11 месеци.

Сепак, извршувањето на затворската казна е условно одложено. Тоа значи дека навивачот нема веднаш да оди во затвор, но во следните две години нема да смее да посетува стадиони на кои се одржуваат официјални фудбалски натпревари. Дополнително, добил и забрана да му се приближува на Мбапе.

Обвинетиот ја признал вината, а судот како околност го зел предвид и фактот дека во моментот на инцидентот бил под дејство на алкохол.

Реал Мадрид, кој бил вклучен во судската постапка, повторно ја истакнал својата решеност да се бори против расизмот и сите форми на дискриминација во фудбалот.

Според податоците на Ла Лига, ова е 12-та судска пресуда поврзана со расистички инциденти во шпанското професионално фудбалско натпреварување.

Најнови вести