– Дали верувам во Бог? Не. Верувам само во себе – кратко изјавил Ибрахимовиќ кога бил прашан дали верува во задгробен живот.
Тој продолжил во ист ритам:
– Не. Не верувам. Животот е ова. Кога ќе умреш, мртов си. Не знам дури ни дали сакам гроб или погреб, место на кое би доаѓале луѓе што ме сакале и пателе поради мене.
Златан Ибрахимовиќ нешто подоцна во интервјуто за „Алетик“ се обидел на сите да им приближи што мисли и како се чувствува...
– Златане, ти си син на католичкица и муслиман – дали си религиозен? – гласело новинарското прашање на кое Ибрахимовиќ имал подготвен одговор.
Одговорот бил јасен:
– Не. Јас верувам само во почит. Така што, ако кажам дека „само Бог може да ми суди“, на кој јас тука воопшто целам со тие зборови? – порачал Златан и објаснил дека иако тие зборови ги има истетовирани, тие не се упатени до неговите критичари, туку до него самиот.
Тој открил и детали:
– Ќе ти дадам еден совршен пример. Кога почина мојот брат Сапко, тој имаше леукемија. Каде беше Бог да му помогне? Секој ден му се заблагодарувате на Бог, му се молите на Бог. Каде беше тој Бог тогаш? Во мојот свет, јас сум свој Бог. Тоа е она во што јас верувам и тоа е дел од моето размислување – додаде славниот шведски фудбалер.









