ПРВ.мк
Црна Хроника

БРУТАЛЕН НАПАД: Ги нападнал соседот и неговата малолетна внука, па им се заканувал!

БРУТАЛЕН НАПАД: Ги нападнал соседот и неговата малолетна внука, па им се заканувал!

Скопјанец е пријавен за физички напад врз својот сосед и неговата малолетна внука, кој се случил во близина на Бит Пазар.

Според информациите од полицискиот билтен, вчера во 13:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека половина час претходно, односно околу 12:30 часот, на подрачјето на Бит Пазар, Л.А. од Скопје физички ги нападнал соседот Р.С. и неговата малолетна внука.

При нападот, според пријавеното, тој употребил и тврд предмет, а на двајцата им упатил закани со остри предмети.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.