Станува збор за маса од сет за правење приврзоци од слајм (PLAY CREATIVE KEYCHAIN SLIME STUDIO-SLIME), модел 635131, серија 27032026, наменета за деца постари од три години.
Со лабораториско испитување е утврдено дека производот содржи зголемени концентрации на формалдехид, бор, 5-хлоро-2-метилизотиазолин-3(2H)-он и 2-метилизотиазолин-3(2H)-он.
Како што е наведено во предупредувањето, овие супстанции можат негативно да влијаат врз здравјето на децата и да предизвикаат иритација на кожата, грлото, белите дробови и очите. При повторена и долготрајна изложеност, поединечни од нив можат да имаат и канцерогено дејство.
Поради утврдениот хемиски ризик, изречена е мерка забрана за увоз на овој производ.
На потрошувачите им се советува да проверат дали ја поседуваат наведената играчка и да обрнат внимание на ознаката на моделот и серијата за да утврдат дали станува збор токму за производот на кој се однесува предупредувањето.








