ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЧИНА МЛАД ФУДБАЛЕР: Топката го погодила во глава!

ПОЧИНА МЛАД ФУДБАЛЕР: Топката го погодила во глава!

И покрај борбата за неговиот живот, тинејџерот им подлегна на здобиените повреди. Од својот талентиран играч со потресно и емотивно соопштение се прости и неговиот клуб Езеиза (Ezeiza).

„Ова е најтешката вест за нашиот клуб. Со длабока болка и неизмерна тага се простуваме од момчето пред кое беше целиот живот и кое зад себе остава празнина што е невозможно да се опише. Откако за време на натпревар здоби тежок удар, гордо носејќи го дресот на нашата Езеиза, за наша голема жал, нè напушти“, пишува во соопштението и потоа се додава:

„Сега фудбалот е во втор план. Скршени сме од болка поради разделбата со нашиот соиграч, момче полно со соништа и надеж, кое беше дел од нашето семејство. Во име на клубот Езеиза изразуваме најдлабоко сочувство и ја пружаме сета поддршка на неговото семејство, пријателите, соиграчите и блиските во овие исклучително тешки моменти“, наведоа од клубот.