Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против 28-годишната И.Е. од Куманово, поради сомнение дека ги запоставувала и малтретирала своите две малолетни деца.
Таа се сомничи за сторено кривично дело „Запуштање и малтретирање на дете“.
Според информациите од полицијата, жената не ги исполнувала своите родителски обврски за грижа и воспитување на децата, туку ги присилувала да извршуваат работи кои не се соодветни на нивната возраст и физичка сила.
Дополнително, според пријавата, таа ги наведувала малолетните деца и на питачење.
Од СВР Куманово информираат дека против 28-годишната жена е поднесена кривична пријава за случајот.






