Дрска кражба била пријавена утрово во Секторот за внатрешни работи Скопје, откако непознат сторител насилно влегол во куќа во скопското село Визбегово и одзел вредни предмети, пари и клучеви од две патнички возила.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во 00:30 часот Л.Љ. (29) пријавила дека кражбата се случила во периодот од 13 до 15 ноември 2026 година.
Сторителот со употреба на сила влегол во семејната куќа, од каде што одзел златен накит, пари и клучеви од две патнички возила.
Но, кражбата не завршила тука. Со еден од украдените клучеви било одземено и патничко возило марка „дачиа“, кое е во сопственост на МЕПСО.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот и откривање на сторителот.






