Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Ниш, по налог на Вишото јавно обвинителство во Ниш, го уапсија Н. М. (1981) од овој град, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид.
- Тој се сомничи дека вчера, на улица во Ниш, со нож убодел четириесетчетиригодишен маж во стомакот. Повредениот маж со тешки телесни повреди е згрижен во Универзитетскиот клинички центар во Ниш - соопшти нишката полиција.
На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа и тој, со кривична пријава, ќе биде приведен во надлежното обвинителство.






