Вечерва Велес повторно ќе биде во знакот на футсалот! Во рамките на 5. коло од Првата македонска футсал лига, КМФ Кеги Моби Велес на домашен терен ќе го пречека составот на КМФ Бутел 2022.
Натпреварот ќе се одигра вечерва (недела, 15 ноември), со почеток во 19:00 часот, во спортската сала на ОУ „Блаже Конески“ во Велес.
Од велешкиот клуб упатуваат повик до сите љубители на спортот, навивачи и граѓани да дојдат во што поголем број и да им дадат поддршка на домашните футсалери.
Поддршката од трибините може да биде дополнителен мотив за велешките играчи во борбата за позитивен резултат.
Велес вечерва има една задача – да ги наполни трибините и да покаже дека стои зад своите спортисти!









