ПРВ.мк
Скопје

ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕНА ВАЖНА КРСТОСНИЦА ВО СКОПЈЕ: Возачите се пренасочуваат, се поставуваат нови семафори!

ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕНА ВАЖНА КРСТОСНИЦА ВО СКОПЈЕ: Возачите се пренасочуваат, се поставуваат нови семафори!

Возачите во Скопје денеска се соочуваат со изменет режим на сообраќај на една од крстосниците во Карпош, поради активности за поставување нова семафорска опрема.

Станува збор за крстосницата меѓу улиците „Скупи“ и „Љубљанска“, каде што е започната демонтажа на постојните семафорски портални и обични столбови, како и на старата опрема.

Од ЈП „Улици и патишта“ информирале дека работите се изведуваат според одобрен сообраќаен проект со кој се предвидува промена на досегашниот режим на движење.

Поради активностите, сообраќајот на оваа крстосница е пренасочен кон околните улици.

Возачите да внимаваат на измените

Сите учесници во сообраќајот што се движат низ овој дел од градот треба да ја следат поставената сигнализација и да ги почитуваат насоките на надлежните служби.

Поставувањето на новите светлосни сигнали е дел од измените предвидени со сообраќајниот проект за оваа локација.

Најнови вести