Папата Лав XIV беше погоден во око со бројаница додека го обиколуваше главниот град на Перу, а на видео-снимката од овој инцидент се гледа поглаварот на Католичката црква како се држи за лицето откако го удрил предмет што долетал од толпата.
Папата ја продолжил обиколката и немало никакви знаци дека е повреден, пренесе „Телеграф“.
Тој бил на пат да отслужи проштална миса во воздухопловната база Лас Палмас кога еден од верниците фрлил бројаница кон него за време на последниот ден од неговата дванаесетдневна турнеја низ Јужна Америка.







