Бидејќи никој од овластените членови на семејството не се јавил да го преземе неговото тело, градоначалникот Лукаш Гибала најави дека ќе предложи посмртните останки да бидат отстапени за медицински и научни цели.
Оксињски почина во болница на 9 ноември, два дена по нападот. Според пишувањата на полските медиуми, никој од членовите на семејството кои имаат право да го преземат телото досега не се јавил во обвинителството.
Градоначалникот на Краков, Лукаш Гибала, изјави дека доколку семејството не го преземе телото по завршувањето на процедурите во обвинителството, нема да бара градот да организира класичен погреб, туку ќе се обиде да го отстапи на медицинска установа.






