Претседателот на Монголија, Хурелсух Ухна, изјави дека поднесува оставка откако политичар од владејачката Монголска народна партија го обвини дека финансиски профитирал од владин железнички проект пред седум години, кога беше премиер.
Хурелсух и во обраќањето до нацијата ги отфрли обвинувањата за незаконско постапување и рече дека повеќе од еден месец се соочува со континуирани напади врз неговиот углед.
„Никогаш не сум крадел од својот народ или од својата држава. Ќе ги предадам моите должности како претседател и ќе станам обичен граѓанин“, рече тој и додаде дека ќе соработува со истражителите.
Њамбаатар Кишги, поранешен градоначалник на Улан Батор, во саботата го обвини Хурелсух дека примил 25 милиони долари во врска со железничкиот проект Тавантолгој–Гашуунсухајт.
Поранешниот градоначалник на Улан Батор и монголскиот претседател припаѓаат на различни струи во истата партија, пренесува АП. По обвинувањата, опозициската Демократска партија го повика Хурелсух да поднесе оставка.








