Француските власти започнаа истрага за причините за излетувањето на воз од шините во Нормандија, но се проверува и можноста дека станува збор за намерна саботажа. Во несреќата се повредени 44 лица.
Инцидентот се случил синоќа, кога регионален воз што сообраќал од Руан кон Кан, со 186 патници, излетал од шините во близина на Клеон, во департманот Сена-Померанија, на северозападот на Франција.
Меѓу повредените е и 18-годишно девојче, кое по несреќата со хеликоптер било пренесено во Универзитетската болница во Руан.
Француската полиција соопшти дека на пругата било пронајдено парче од шина, за кое се смета дека „веројатно“ е поврзано со излетувањето на возот.
Надлежните сега ги утврдуваат сите околности и проверуваат дали оштетувањето на шината било причина за несреќата или евентуално резултат на намерно дејствие.









