Виктор Орбан испрати остро предупредување до новото раководство во Унгарија, само неколку дена по политичката промена во земјата.
Во својата порака на социјалната мрежа X, Орбан порача дека новата власт мора цврсто да ги брани националните интереси, предупредувајќи дека во спротивно „бриселските бирократи“ ќе имаат преголемо влијание врз унгарската политика.
Тој нагласи дека откажување од патриотскиот курс и прифаќање надворешни притисоци би било, како што рече, историска грешка за државата.
Во меѓувреме, новиот премиер Петер Маѓар официјално ја презеде функцијата по изборната победа на неговата партија Тиса, со што заврши повеќегодишното владеење на Орбан.
Во своето прво обраќање, Маѓар порача дека нема да владее, туку ќе ѝ служи на државата, најавувајќи нов политички пристап.
Оваа смена на власт веќе предизвикува силни реакции и отвора ново поглавје во односите меѓу Унгарија и Европската Унија.










