ПРВ.мк
Црна Хроника

19-годишна девојка тврди дека била силувана додека спиела – Се разбудила во шокантна состојба

19-годишна девојка тврди дека била силувана додека спиела – Се разбудила во шокантна состојба

Грчката полиција истражува сериозен случај откако 19-годишна девојка пријавила дека била силувана додека била во алкохолизирана состојба на островот Скопелос.

Според нејзината изјава, таа дошла на островот како сезонска работничка и по вечерно излегување со пријатели испила поголема количина алкохол. Подоцна заминала во станот на своето момче, каде што го затекнала само неговиот 28-годишен цимер, кој воедно бил и нејзин колега.

Откако добила порака дека нејзиното момче нема да се врати таа вечер, легнала да спие. Следното утро, според нејзиното сведочење, се разбудила само по долна облека, со спуштени панталони и без сеќавање на случувањата од ноќта, по што веднаш го пријавила случајот во полиција.

Осомничениот бил уапсен и против него е покренато обвинение за силување. Тој ги отфрла сите обвинувања и преку својот адвокат тврди дека побарал од девојката да го напушти станот кога дознал дека нејзиното момче нема да дојде.

Во рамките на истрагата се вршат судско-медицински прегледи и лабораториски анализи на доказите со цел да се утврдат сите околности на случајот. Осомничениот останува во притвор до неговото сослушување пред истражен судија.

Напомена: Обвиненијата сè уште не се докажани, а случајот е предмет на официјална истрага.