Црногорската полиција уапсила двајца возачи во одделни случаи, поради прекршување на сообраќајните прописи поврзани со алкохол и сомнение за употреба на наркотични средства.
Полицијата во Беране го уапсила Р. Н. (42) од овој град, кој управувал возило под дејство на алкохол.
Според информациите објавени од Управата на полицијата, при апсењето кај него биле измерени дури 1,79 промили алкохол во крвта.
Во одделен случај, во Пљевља бил уапсен и 21-годишниот возач Л. Б., откако за време на сообраќајна контрола одбил да биде тестиран за присуство на наркотични средства.
Информациите за двата случаи ги соопштила црногорската Управа на полицијата преку социјалната мрежа Икс.






