ПРВ.мк
Магазин

Французите полудеа по овој трик – домовите ги разладува без клима

Французите полудеа по овој трик – домовите ги разладува без клима

Екстремниот топлотен бран што ја зафати Франција ги натера граѓаните да бараат алтернативни начини за разладување, особено затоа што голем број домови немаат клима-уреди. Последниве денови огромно внимание привлече едноставен и евтин трик кој, според многумина, навистина дава резултати.

Станува збор за „Блан де Медон“ – ситно дробена креда која најчесто се користи за чистење или како премаз за стаклени површини. Кога ќе се измеша со вода и ќе се нанесе на прозорците, создава бел слој што пропушта светлина, но истовремено одбива дел од сончевата топлина, со што просториите остануваат посвежи.

Методот толку брзо се проширил што во многу делови од Франција производот речиси исчезнал од продавниците, а го користат и домаќинства и училишта.

Научниците објаснуваат дека белите површини природно ја рефлектираат сончевата светлина и топлината, поради што ваквото решение има научна основа. Главната состојка на кредата – калциум карбонат – е заслужна за овој ефект.

Истражувачи од Велика Британија тестирале уште една необична алтернатива. Според нивните резултати, тенок слој јогурт нанесен на прозорците може да ја намали температурата во просторијата за дури 3,5 степени. Иако на почетокот има специфичен мирис, тој исчезнува откако јогуртот ќе се исуши.

Овие едноставни методи стануваат сè попопуларни како евтина алтернатива за разладување во време на рекордно високи температури.