ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВ ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ СО КРИСТИЈАН: Откриено што направил еден од осомничените неколку месеци пред трагедијата

НОВ ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ СО КРИСТИЈАН: Откриено што направил еден од осомничените неколку месеци пред трагедијата

Нови детали излегоа во јавноста за еден од четворицата медицински техничари осомничени за убиството на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш во психијатриската болница „Свети Иван“ во Загреб.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, 28-годишниот И. Б., кој моментално се наоѓа во истражен притвор, претходно имал проблеми со полицијата поради инцидент во центарот на Загреб.

На 14 јуни, околу четири часот наутро, полицајците го затекнале на улицата Илица, во близина на Чрномерец, со дури 2,24 промили алкохол во крвта.

Тој бил во друштво на пријателка кон која во тој момент постапувале полициските службеници.

Незадоволен од интервенцијата, мажот почнал да мавта со рацете и да им упатува навреди на полицајците.

„Што ви е? Дали сте нормални? Престанете да го правите тоа, дебили“, им викал на службениците, според информациите објавени од хрватските медиуми.

Кога полицијата се обидела да го легитимира, било утврдено дека кај себе нема лична карта.

Поради инцидентот бил задржан во полициските простории до отрезнување, а подоцна против него била поведена прекршочна постапка.

Пред судијката целосно ја признал вината и добил парична казна од 720 евра, која била намалена за 39,82 евра поради времето поминато во полициско задржување.

Казната ја платил во предвидениот рок.

Во меѓувреме, И. Б. е еден од четворицата медицински техничари осомничени за убиството на Кристијан Периш.

Покрај него, во истражен притвор се и М. В. (32), Н. Х. (22) и М. Л. (52).

Истрагата за смртта на Кристијан продолжува, а вината на осомничените допрва треба да биде утврдена во судска постапка.