ПРВ.мк
Магазин

Конечно се знае кога ќе биде избран новиот Џејмс Бонд – во игра се неколку фаворити

Конечно се знае кога ќе биде избран новиот Џејмс Бонд – во игра се неколку фаворити

Потрагата по новиот Џејмс Бонд влегува во завршна фаза, а продуцентите веќе започнале да ги контактираат актерите кои ќе учествуваат во следниот круг аудиции за легендарната улога на агентот 007.

Според информациите, аудициите се закажани за август, а режисерот Денис Вилнев лично ги известува кандидатите кои се нашле во потесниот избор. Иако официјалниот список не е објавен, како можни фаворити повторно се споменуваат Харис Дикинсон, Калум Тарнер и Џејкоб Елорди.

По преземањето на креативната контрола врз франшизата во 2025 година, „Amazon MGM“ внимателно го подготвува новото поглавје на серијалот. Во тимот веќе се продуцентите Ејми Паскал и Дејвид Хејман, додека сценариото го пишува Стивен Најт, авторот на популарната серија „Peaky Blinders“.

Според неофицијални информации, новиот филм ќе биде инспириран од првите романи на Ијан Флеминг и ќе го прикаже Бонд во неговите рани денови во британската Кралска морнарица.

Наводно, студиото бара актер помлад од 30 години, кој би можел да ја игра улогата во повеќе продолженија. Поради тоа, имиња како Идрис Елба и Хенри Кавил, кои со години се споменуваа како фаворити, најверојатно повеќе не се во комбинација.

Доколку сè оди според планот, новиот Џејмс Бонд ќе биде избран до крајот на 2026 година, а снимањето на следниот филм би можело да започне во текот на 2027 година.

Најнови вести