ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ПРЕД ЛОКАЛ ВО ГОСТИВАР! Грпа момчиња под дејство на алкохол нападнале полицајци - еве каква казна им следува!

ДРАМА ПРЕД ЛОКАЛ ВО ГОСТИВАР! Грпа момчиња под дејство на алкохол нападнале полицајци - еве каква казна им следува!

Дваесет и петгодишник и 23-годишник од Гостивар, заедно со 19-годишно момче од селото Добридол, биле лишени од слобода по инцидент пред угостителски објект на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 8 ноември 2026 година, во 00:25 часот, кога полициски службеници од Полициската станица Гостивар интервенирале поради нарушување на јавниот ред и мир.

При интервенцијата, Х.С. (19) физички нападнал полициски службеник додека тој извршувал службени дејствија. При алкотестирањето било утврдено дека младото момче имало 1,52 промили алкохол во крвта.

По инцидентот, тој бил приведен и задржан во полициска станица.

Подоцна, во 02:10 часот, во врска со истиот настан, полицијата ги лишила од слобода и А.З. (25) и Џ.Ј. (23), двајцата од Гостивар.

И тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Најнови вести