ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ! Автомобил прегази пешак, итно пренесен во болница - ова се првичните информации!

СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ! Автомобил прегази пешак, итно пренесен во болница - ова се првичните информации!

Деведесет и тригодишен пешак од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од патничко возило на паркинг-простор на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 7 ноември 2026 година, околу 13:40 часот.

Во инцидентот учествувале автомобил „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Ј. (67) од Скопје, и пешакот А.Ф. (93), исто така од Скопје.

При ударот, 93-годишниот пешак се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во приватна здравствена установа.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Најнови вести