На 7 ноември 2026 година, во 16:00 часот, на граничниот премин Табановце, при излез од државата, била откриена марихуана кај 32-годишен државјанин на Холандија.
Според информациите од полицијата, Б.С. управувал товарно возило „Форд“ со холандски национални ознаки. При извршената контрола, во неговата патна торба била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.






