На 7 ноември 2026 година, во 14:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 30-годишната Е.З. од Скопје, по пријава за пронајдена марихуана во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Според информациите од полицијата, жената претходно го посетувала осуденикот Џ.З. (34) во просторијата за посети. При извршениот личен претрес кај неа биле пронајдени и одземени две паковки со марихуана.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






