ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРСКО СЕ ОДНЕСУВАЛ И НЕ ГИ СЛУШАЛ ПОЛИЦАЈЦИТЕ! 43-годишник од велешко приведен со неверојатни промили алкохол во крвта

ДРСКО СЕ ОДНЕСУВАЛ И НЕ ГИ СЛУШАЛ ПОЛИЦАЈЦИТЕ! 43-годишник од велешко приведен со неверојатни промили алкохол во крвта

Полицијата привела 43-годишен жител на селото Извор, општина Чашка, откако го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 7 ноември 2026 година, околу 16 часот, кога полициски службеници од Полициското одделение Чашка го привеле А.С. (43).

По преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека лицето било под дејство на алкохол. При мерењето му биле регистрирани 1,15 промили алкохол во крвта.

А.С. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести