Три лица се повредени, од кои две тешко, во сообраќајна несреќа што се случила во близина на Стопански Двор во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Скопје на 7 ноември 2026 година, во 23:30 часот.
Во судирот учествувале патничко возило „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Скопје, и автомобил „Пежо“, исто така со скопски таблички, зад чиј волан бил С.М. (52) од Делчево.
Во несреќата тешки телесни повреди добиле малолетниот возач и неговиот сопатник Б.А., додека возачот на „Пежото“, С.М., се здобил со телесни повреди.
Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото на сообраќајната несреќа извршила екипа на СВР Скопје.






