Една девојка се здобила со тешки телесни повреди, а уште две лица биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 7 ноември 2026 година, во 20:35 часот, во СВР Скопје.
Во судирот учествувале патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, за кое според изјавата на Н.Р. (24) од Скопје управувала Е.С. (23), и автомобил „Фолксваген Т-Рок“, исто така со скопски таблички, управуван од А.А. (43) од Скопје.
Во несреќата Е.С. се здобила со тешки телесни повреди, додека Н.Р. и А.А. поминале со телесни повреди.
Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.






