Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и СВР Тетово на 7 и 8 ноември 2026 година спровеле низа превентивни активности насочени кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на свеста кај возачите.

Активностите на подрачјето на Охрид биле реализирани под мотото „Возиме безбедно“, во организација на полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор – Ќафасан и Полициската станица за граничен надзор – Франгово, во координација со Самостојниот инспектор за превенција.

Превентивната кампања се одвивала на Граничниот премин Ќафасан, како и на патниот правец од Струга до граничниот премин. На возачите и патниците им биле поделени едукативно-информативни флаери обезбедени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Преку директна комуникација, полициските службеници ги информирале учесниците во сообраќајот за опасностите од управување возило под дејство на алкохол, ризиците од замор и недоволната психофизичка подготвеност, но и за неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи.
Посебен акцент на користењето сигурносен појас
На 8 ноември 2026 година, превентивна активност спровеле и полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, заедно со колегите од сообраќајните полициски станици за безбедност на патниот сообраќај во Тетово и Гостивар.

Во рамки на акциската планска содржина „Безбеден сообраќај“, активноста била реализирана во близина на наплатните станици Желино, Тетово и Гостивар.












