ПРВ.мк
Црна Хроника

Непознати лица фрлиле бомби врз два локали – еве што е познато досега

Непознати лица фрлиле бомби врз два локали – еве што е познато досега

Вистинска драма се случила вечерва во Смедерево, Србија, откако во два угостителски објекти биле фрлени експлозивни направи.

Според првичните информации, мета на нападот биле еден ноќен клуб и еден сплав во градот. Експлозиите предизвикале вознемиреност кај граѓаните, а на местото веднаш пристигнале полициски екипи.

Според досегашните неофицијални информации, во инцидентите нема повредени лица, но причинета е материјална штета.

Полицијата го обезбеди местото на настанот и започна увид, по што ќе бидат утврдени сите околности и можниот мотив за нападите.

Истрагата е во тек, а засега не се соопштуваат дополнителни детали за сторителите или за причините што довеле до двојниот напад.