ПРВ.мк
Свет

Видео што го обиколи светот: Жена роди живо бебе среде катастрофата во Венецуела

Видео што го обиколи светот: Жена роди живо бебе среде катастрофата во Венецуела

Среде катастрофалните последици од серијата силни земјотреси во Венецуела, се случи неверојатна сцена која го обиколи светот. Жена се породи под урнатините на срушена зграда, а драматичниот момент беше снимен од присутните.

На видеото се гледа како повредената жена лежи на импровизирана подлога, додека друга жена ѝ помага при породувањето. Само неколку моменти подоцна се слуша плачот на новороденчето, по што бебето е завиткано во ќебе, а луѓето околу нив се обидуваат да ѝ помогнат и на мајката.

Трагедијата во Венецуела следуваше по два силни земјотреси што ја погодија земјата во интервал од само 39 секунди. Првиот потрес бил со јачина од 7,2 степени, а вториот достигнал 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Според официјалните информации, стотици објекти се урнати, илјадници луѓе останале без домови, а бројот на жртви продолжува да расте. Властите досега потврдија стотици загинати и илјадници повредени, додека десетици илјади лица сè уште се водат како исчезнати.

ВИДЕО

И покрај големата трагедија, раѓањето на бебето под урнатините за многумина стана симбол на надеж и живот во моменти кога земјата се соочува со една од најтешките природни катастрофи во својата понова историја.