ПРВ.мк
Свет

Повторно дронови над Минхен, аеродромот пак е затворен

Повторно дронови над Минхен, аеродромот пак е затворен

Двете писти на аеродромот вечерва се затворени, помалку од 24 часа по претходното затворање, поради нова појава на неидентификувани дронови. Пилот на лет кон Лондон информирал дека дронови се забележани во близина и дека полицијата испратила хеликоптери за надзор.

Претходно, синоќа, 17 полетувања беа откажани, а 15 пристигнувања беа пренасочени кон други градови како Штутгарт, Франкфурт, Виена и Нирнберг поради безбедносни мерки. Околу 3.000 патници беа погодени од прекините, а некои беа приморани да останат на аеродромот преку ноќ.

Германските власти покренаа темелна истрага за потеклото и идентитетот на дроновите, додека безбедносните мерки на аеродромот се засилени. Овој инцидент ја отвори дискусијата за потребата од нови закони и технологии за заштита од закани од беспилотни летала.

Escape