ПРВ.мк
Спорт

(ВИДЕО)Два балкански хероја го запалија НБА — американците во шок од нивната игра!

(ВИДЕО)Два балкански хероја го запалија НБА — американците во шок од нивната игра!
Kristal

Во најновото коло од НБА-лигата, двајца балкански играчи го свртеа вниманието на целиот кошаркарски свет. Јанис Адетокумбо и Јусуф Нуркиќ беа вистински херои на своите тимови, предводејќи ги Милвоки Бакс и Јута Џез до драматични победи кои ќе се паметат.

Адетокумбо го реши мечот со звукот на сирената Милвоки Бакс славеше против Индијана Пејсерс со 117:115, во натпревар кој до последен момент висеше во воздухот. Иако Бакс водеше со двоцифрена предност, Пејсерс успеа да се врати и израмни само 14 секунди пред крајот. Но токму тогаш, сцената ја презеде Јанис Адетокумбо – со кош во последните секунди, тој донесе победа за својот тим и ја запечати својата репутација како играч за одлучувачки моменти.

Нуркиќ ја урна кошаркарската логика – херој во последната секунда Јусуф Нуркиќ, кој започна во стартната петорка поради повредата на Вокер Кеслер, го предводеше Јута Џез до сензационална победа над шампионот од пред две сезони, Бостон Селтикс (105:103). По тешка борба и негатива која траеше речиси целиот натпревар, Џез направи неверојатен пресврт. Кулминацијата дојде на само 0,6 секунди пред крајот, кога Нуркиќ ја искористи одбиената топка и го постигна победничкиот кош – момент кој ја крена салата на нозе.

Триумфите на Минесота и Њујорк ја заокружија вечерта Минесота ја совлада Бруклин со 125:109, иако играше без својата ѕвезда Ентони Едвардс. Донте ди Винченцо беше лидер со 25 поени, девет скока и пет асистенции, а Џејден Мекдениелс додаде 22 поени.

Њујорк Никс, пак, лесно го совлада Вашингтон Визардс со 119:102. Иако Визардс имаа одличен почеток, Никс брзо ја презедоа контролата и доминираа до крајот. Карл-Ентони Таунс беше незапирлив со 33 поени, 13 скока и пет асистенции, а Ануноби и Брансон придонесоа со по 16 поени.

Резултати од вечерта: Бруклин – Минесота 109:125 Индијана – Милвоки 115:117 Бостон – Јута 103:105 Њујорк – Вашингтон 119:102 Хјустон – Далас 110:102 Мемфис – Детроит 106:114 Денвер – Сакраменто 130:124 Портланд – ЛА Лејкерс 115:123 Клиперс – Мајами 119:120

ПОГЛЕДНИ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Escape