ПРВ.мк
Скопје

EВН СО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ќе нема струја до 15 часот – проверете дали сте на списокот!

EВН СО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ќе нема струја до 15 часот – проверете дали сте на списокот!

Жителите на неколку скопски општини денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, информираа од ЕВН Македонија АД. Прекините ќе траат неколку часа, а дел од нив ќе се одвиваат и во текот на поголем дел од денот.

Според најавата, без струја најпрво ќе бидат дел од корисниците во општина Центар. Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има на улицата „Црвена Вода“ број 7.

Во општина Кисела Вода, од 09:00 до 13:00 часот, електрична енергија нема да имаат жителите на улицата „Саса“ – крак 24.

Прекини се најавени и во општина Карпош, каде од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „6“ во населбата Бардовци.

Дополнително, ЕВН најави и подолг прекин во централното градско подрачје. Во периодот од 09:15 до 15:15 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, а прекинот ќе го зафати и објектот на Музејот на современа уметност – Скопје.

Од компанијата посочуваат дека прекините се поради планирани технички интервенции со цел подобрување и одржување на електромрежата.

Најнови вести