ПРВ.мк
Македонија

„Ќе те соблечеме и ќе те снимаме“: Страшни закани кон 12-годишно девојче од Македонија – насилството траело со месеци!

„Ќе те соблечеме и ќе те снимаме“: Страшни закани кон 12-годишно девојче од Македонија – насилството траело со месеци!

Една порака: „Да не си кажала на никој за ова, оти уште толку ќе си го јадеш. Разбра ли ме“? -„Добро“. Друга порака: „Утре во 7, пак ли?“ „Да“.

Вака ученички од основното училиште „Ванчо Прке“ од Штип, на возраст од 12 до 14 години, преку пораки на вибер ѝ закажувале ќотек на 12 -годишна соученичка. Ја викале за да ја тепаат. Таа знаела што ја чека и свесно доаѓала на договорените средби – од страв дека насилството ќе стане уште полошо, покажува вибер комуникацијата во која Колегиум.мк имаше увид. Тоа ѝ се случувало на шестооделенката за која адвокатката Маја Ристова објави видео од насилството: „Следно, ѝ се заканувале дека ќе ја соблекуваат и така ќе ја снимаат“, вели адвокатката Ристова. Таа поднела девет кривични пријави и против родители на деца кои го правеле насилството, на тие кои го снимале или го гледале од страна.

Судот прво ги отфрлил пријавите против родителите со образложение дека кривичното дело не се гони по службена должност. Но, Вишото обвинителство ја уважило жалбата на адвокатката и мајката на шестооделенката завчера била викната да даде исказ. Како последици од насилството, ученичката имала контузија на главата, хематом на десна надлактица, гребаници и други повреди, според лекарски извештај.

Дома за модриците кажувала дека паднала во училиште, додека случајот да излезе во јавност. Психичките трауми допрва треба да се лекуваат. Насилството траело три месеци, од јуни до септември 2025 година, на повеќе локации во Штип – на пешачката патека близу градинката „Астибо“, во близина на Универзитетот „Гоце Делчев“ и на други места. Не знаејќи како да се справи, девојчето барало помош и од Чет џи-пи-ти. Во една порака напишала дека избегала од група деца кои сакаат да ја тепаат и прашала: „Дали направив правилно оти избегав?“. „Безбедноста е најважна“, ѝ одговорил чет – ботот.

Најнови вести