ПРВ.мк
Македонија

УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува голема промена – невреме, поројни дождови и силен ветер ќе ја погодат Македонија!

УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува голема промена – невреме, поројни дождови и силен ветер ќе ја погодат Македонија!

По неколкуте денови со променливо, но релативно стабилно време, метеоролозите предупредуваат дека од крајот на работната недела Македонија ја очекува сериозна промена на временските услови.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, веќе од четврток ќе има локална нестабилност, а од петок се очекува невреме во повеќе делови од државата, кое ќе продолжи и за време на продолжениот викенд.

Денешниот ден ќе биде променливо облачен со повремени сончеви периоди, а во крајните западни и источни делови можно е да има слаб локален дожд.

Ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и до 50 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 5 до 13 степени, додека дневните ќе достигнат од 19 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, а максималната температура ќе достигне околу 24 степени.

Но, според најавите на синоптичарите, вистинската промена следува од петок.

На повеќе места низ Македонија се очекуваат поројни врнежи од дожд, силни грмежи и засилен ветер, кој локално може да надмине и 60 километри на час.

Метеоролозите предупредуваат дека на одредени места можно е да наврнат и повеќе од 20 литри дожд на квадратен метар за краток временски период.

Нестабилното време ќе продолжи и во текот на викендот, па граѓаните се советуваат внимателно да ги планираат активностите на отворено и редовно да ги следат временските прогнози и предупредувања.

Најнови вести