ПРВ.мк
Свет

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Уапсени високи полициски функционери во аферата „порно канцеларии“

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Уапсени високи полициски функционери во аферата „порно канцеларии“

Голема антикорупциска акција ја потресе Украина, откако безбедносните служби разоткриле криминална мрежа во која, според истрагата, биле вмешани високи полициски функционери од неколку региони во земјата.

Во аферата позната како „порно канцеларии“, уапсени се началникот на Главната полициска управа во Ивано-Франковската област, неговиот заменик, првиот заменик-началник на полицијата во Тернопилската област, заменик-шефот на полицијата во Житомирската област, како и возач вработен во Главниот сервисен центар на Министерството за внатрешни работи.

Според украинските власти, сите приведени се осомничени дека примале мито за прикривање организирана проституција и нелегално производство на порнографска содржина.

Истрагата, која ја спровеле Службата за безбедност на Украина, Канцеларијата на генералниот обвинител и Националната полиција, открила дека осомничените со месеци наводно овозможувале непречено функционирање на таканаречените „порно канцеларии“.

За време на претресите, безбедносните служби заплениле докази за незаконски активности, како и пари и имот за кои постои сомневање дека се стекнати преку криминал.

Од обвинителството соопштиле дека возачот на еден од заменик-министрите за внатрешни работи имал клучна улога во целата мрежа и служел како посредник меѓу организаторите и полициските функционери.

Според истрагата, преку свои контакти во врвот на Националната полиција, тој договарал локалните полициски началници да не преземаат мерки против нелегалните активности.

Во замена за месечен поткуп, полициските функционери наводно не реагирале на пријавите, не ги документирале прекршоците и овозможувале „порно канцелариите“ непречено да работат.

Обвинителството наведува дека регионалните полициски раководители добивале околу 20.000 долари месечно, додека посредникот дополнително земал уште 5.000 долари.

За прикривање на комуникацијата, осомничените користеле кодни имиња, комуницирале преку месинџери и приватно ги договарале деталите за шемата, тврдат истражните органи.

Најнови вести