Општина Кавадарци продолжува со инвестициите во спортската и рекреативната инфраструктура. Во полн ек се градежните активности за изградба на нов, современ СПА центар, кој се реализира како доградба на постојниот спортско-рекреативен објект – затворен базен.


Новиот комплекс ќе се простира на површина од 240 $m^2$ и ќе понуди врвни услови за релаксација на граѓаните. Според проектот, СПА центарот ќе ги содржи сите елементи за комплетно велнес искуство и ќе располага со:
- Парна бања
- Сауна
- Џакузи
- Топли лежалки / клупи
- Дел со тушеви
- Соблекувални
- Простории за масажа
- Предпростор со тоалет и туш за масажа
- Технички простории
Со реализацијата на овој капитален проект, значително се проширува понудата и содржините на затворениот базен, со што на кавадарчани и на сите посетители им се создаваат нови, модерни можности за рекреација, одмор и релаксација во текот на целата година.
Изведувач на градежните работи на терен е компанијата „Жикол“.








