ПРВ.мк
Балкан

9-ГОДИШНО ДЕТЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО: Возел велосипед кога го покосил автомобил, итно пренесено во болница!

9-ГОДИШНО ДЕТЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО: Возел велосипед кога го покосил автомобил, итно пренесено во болница!

Деветгодишно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во алексиначкото село Прќиловица.

Сообраќајната несреќа се случила во 18:10 часот, кога во малечкото кое возело велосипед удрило возило марка „Опел“ со алексиначки регистарски таблички.

Детето е транспортирано во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде што било утврдено дека има тешки телесни повреди, но не е во животна опасност.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а за случајот е известен Основниот јавен обвинител во Алексинац.

Најнови вести