ПРВ.мк
Свет

СМРТОНОСНА НЕСРЕЌА КАЈ СЕНЕГАЛ! Чамец со мигранти потонал - еве колку тела пронајдоа спасувачите!

СМРТОНОСНА НЕСРЕЌА КАЈ СЕНЕГАЛ! Чамец со мигранти потонал - еве колку тела пронајдоа спасувачите!

Најмалку 21 лице го загубило животот откако чамец со мигранти потонал во близина на брегот на Сенегал, соопштило Министерството за внатрешни работи на оваа западноафриканска земја.

Според официјалните информации, спасувачките екипи во саботата вечерта извлекле 21 безживотно тело, додека едно лице успеале да го спасат. Несреќата се случила во близина на градот Кебемер, кој се наоѓа на околу 180 километри северно од главниот град Дакар.

Потрагата и спасувачките операции продолжуваат, а надлежните служби се обидуваат да утврдат дали има и други преживеани. Засега нема точни информации колку луѓе се наоѓале во чамецот, кој превезувал мигранти што се обидувале нерегуларно да влезат во земјата.

Опасната мигрантска рута кон Канарските Острови

Во изминатите години илјадници луѓе ги загубиле животите обидувајќи се од Западна Африка да стигнат до Канарските Острови, кои се дел од Шпанија. Оваа морска маршрута важи за една од опасните мигрантски патеки, поради долгото патување и ризиците со кои се соочуваат луѓето на море.

Според податоците на организацијата за заштита на правата на мигрантите „Вокинг Бордерс“, само во првите пет месеци од оваа година на оваа маршрута животот го загубиле 635 лица.

Најнови вести