ПРВ.мк
Свет

ПУТИН ЈА ПАРФАЛИЗИРАШЕ УКРАИНА: Бомбите паѓаат додека работниците се борат да ги отстранат дефектите - еве кои места се во целосен мрак!

ПУТИН ЈА ПАРФАЛИЗИРАШЕ УКРАИНА: Бомбите паѓаат додека работниците се борат да ги отстранат дефектите - еве кои места се во целосен мрак!

Руските напади врз електроенергетската мрежа на Украина во саботата оставија повеќе од 600.000 луѓе без електрична енергија во Дњепропетровската област, на југоистокот на земјата. Информацијата ја соопшти енергетската компанија ДТЕК преку социјалните мрежи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата наутро го осуди ноќниот напад врз регионот на Днепар, при што била предизвикана значителна штета на енергетската инфраструктура. Тој предупреди дека прекини во снабдувањето со електрична енергија има и во други делови од земјата.

„Ширум земјата има голем број прекини во снабдувањето со струја. Работите за поправка се во тек во речиси секој погоден град и заедница“, посочи Зеленски.

Гувернерот на Дњепропетровската област, Олександар Ханжа, изјави дека екипите на енергетската компанија веќе работат на обновување на снабдувањето, но нивните напори се отежнати поради континуираното руско гранатирање.

Поради прекините, болниците и објектите од критично значење во моментов зависат од електрична енергија обезбедена преку генератори.

Проблеми и во нуклеарната централа Запорожје

Прекините на струјата следуваа по гранатирањето на регионот на 3 ноември, кога беше оштетена инфраструктурата во овој значаен индустриски регион, кој се граничи со подрачја на активни борби. Истиот ден беше извршен и поширок напад врз енергетски објекти низ Украина.

Меѓу погодените објекти беше и нуклеарната централа Запорожје, која во текот на ноќта останала без надворешно снабдување со електрична енергија.

Меѓународната агенција за атомска енергија во неделата наутро соопшти дека централата се потпира на резервни дизел-генератори за ладење на реакторите и обезбедување на другите неопходни функции поврзани со нуклеарната безбедност.

Зеленски бара построги санкции и запирање на производството на ракети

Новите напади се случуваат во период кога Киев и Москва се подготвуваат за уште една рунда мировни преговори со посредство на САД, кои следната недела треба да се одржат во Абу Даби.

По новиот бран напади во саботата навечер, Зеленски ги повика меѓународните партнери да ги заострат санкциите против Русија, со цел да ѝ се отежне набавката или производството на дополнителни ракети.

Тој нагласи дека мерките треба да бидат усогласени меѓу европските земји и државите од Г7.

„Многу е важно санкциите да бидат синхронизирани низ Европа и јурисдикциите на Г7. Ако светот нема доволно противбалистички капацитети за да го заштити украинското небо, тогаш мора да се запре производството на ракети“, порача украинскиот претседател.

Најнови вести