ПРВ.мк
Свет

МОРНИЧАВИ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО НА ЧИСТАЧКАТА! Поранешен полицаец се обидел да ја измие крвта на жртвата од ѕидовите во станот

МОРНИЧАВИ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО НА ЧИСТАЧКАТА! Поранешен полицаец се обидел да ја измие крвта на жртвата од ѕидовите во станот

Поранешниот полицаец Сајед Мохасиб (27), обвинет за бруталното убиство на џогерката Кејти Суарез, имал ѕидови во станот испрскани со крвта на жртвата. Според обвинителството, по нападот тој очајнички се обидувал да ги отстрани трагите и да ги избрише доказите пред полицијата да го пронајде.

Мохасиб се појавил пред кривичниот суд во Бруклин облечен во влечки и тренерка од брендот „Вон Дач“. За време на сослушувањето во саботата вечерта, обвинителството ги изнело досегашните сознанија за трагите пронајдени во неговиот стан во населбата Бенсонхерст.

„Самиот обвинет изјавил дека се обидел да ја исчисти крвта“, рекол помошникот на окружниот обвинител Џордан Росман.

Обвинителството тврди дека го признал делото

Росман посочил и дека Мохасиб го признал делото, како и дека постојат видеоснимки за кои обвинителството тврди дека го поврзуваат поранешниот полицаец со бруталното избодување на Суарез.

Жената по нападот била пренесена во болница, каде што починала од убодни рани во пределот на вратот.

Обвинителството засега не соопштило повеќе детали за случајот, ниту го открило мотивот за убиството, кое се случило на Ноќта на вештерките.

Го исправил судијата за изговорот на неговото име

За време на сослушувањето, Мохасиб главно молчел. Се огласил само во еден момент, кога го исправил судијата Џон Мекфаден поради погрешниот изговор на неговото име.

Судијата одлучил обвинетиот да остане во притвор. Психијатриска процена засега не била побарана, откако неговиот адвокат Едвард Мандери изјавил дека во овој момент нема потреба од таква постапка.

Сепак, одбраната побарала Мохасиб да биде преместен во самица, со образложение дека треба да му се гарантира личната безбедност. Поранешниот полицаец во меѓувреме работел како помошник во училиште.

На прашањето на новинарите на „Њујорк пост“ зошто бара посебни безбедносни мерки за својот клиент, адвокатот одговорил дека сака да биде сигурен оти нема да му биде нанесена повреда, посочувајќи дека медиумскиот интерес за случајот е огромен.

Мохасиб се товари за убиство од втор степен, незаконско поседување оружје и отстранување докази. Неговото следно појавување пред судот е закажано за 10 ноември.

Најнови вести