ПРВ.мк
Свет

(ФОТО+ВИДЕО) СЦЕНИ КАКО ОД ВОЕН ФИЛМ: Земјотрес ја потресе Јапонија, во продавниците настанал хаос - еве го бројот на жртви!

(ФОТО+ВИДЕО) СЦЕНИ КАКО ОД ВОЕН ФИЛМ: Земјотрес ја потресе Јапонија, во продавниците настанал хаос - еве го бројот на жртви!

Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Јапонија во текот на ноќта по локално време. Повеќе од 20 лица се повредени во префектурите Аичи и Шизуока, соопштија надлежните служби.

Земјотресот се случил во 1:04 часот по локално време, а епицентарот бил во западниот дел на префектурата Шизуока, на длабочина од околу 40 километри, пренесува агенцијата „Кјодо“.

И покрај силното тресење, не е издадено предупредување за цунами.

Според информациите, станува збор за најсилниот земјотрес што ја погодил префектурата Аичи во последните триесетина години.

Нуклеарната централа работи нормално

По земјотресот, компанијата „Чубу електрик пауер“, која управува со нуклеарната централа Хамаока во префектурата Шизуока, соопшти дека не се забележани никакви неправилности во работењето на објектот.

Во меѓувреме, дел од локалните железнички линии привремено го прекинале сообраќајот.

Надлежните служби ја следат состојбата, додека повредените лица се згрижуваат во погодените префектури.

ВИДЕО

Најнови вести