ПРВ.мк
Балкан

СТРАШНА НЕСРЕЌА НА А3: Српски автобус се преврте, бројот на жртви се зголемува - еве ги првичните информации!

СТРАШНА НЕСРЕЌА НА А3: Српски автобус се преврте, бројот на жртви се зголемува - еве ги првичните информации!

Две лица го загубија животот, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во Хрватска, во правец кон Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град.

Според потврдата од полицијата, во несреќата учествувал автобус со српски регистарски таблички, кој од засега непознати причини се превртел.

На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош, кои им укажувале помош на повредените. Според информациите од терен, бил испратен и хеликоптер за потребите на интервенцијата.

Повредените лица треба да бидат пренесени на понатамошно лекување во болниците во Загреб.

Поради несреќата, сообраќајот на овој дел од автопатот се одвива отежнато и забавено, при што возилата минуваат по левата сообраќајна лента.

Полицијата врши увид и истрага за да се утврдат точните околности под кои дошло до превртувањето на автобусот.

Најнови вести