ПРВ.мк
Спорт

МАКЕДОНСКО ИМЕ НА ЕВРОПСКАТА СЦЕНА: Земјава добива свој претставник на ЕП во велокрос - ова е личноста што ќе настапи!

МАКЕДОНСКО ИМЕ НА ЕВРОПСКАТА СЦЕНА: Земјава добива свој претставник на ЕП во велокрос - ова е личноста што ќе настапи!

Македонија за првпат имаше своја претставничка во јуниорска конкуренција на Европското првенство во велокрос, кое се одржа во Зедам, Холандија. Нашата земја ја претставуваше младата велосипедистка Далија Стојановска, која го забележа својот прв настап на ова големо европско натпреварување.

Трката се одвиваше на исклучително тешка и технички барана патека, со песочни делници и различни препреки што бараа голема физичка подготвеност, издржливост и концентрација. Во силна конкуренција со некои од најдобрите европски велосипедистки, Стојановска успеа да ја заврши трката на 46. позиција.

Настапот беше под водство на селекторот Милан Нацевски и претставува значаен момент за македонскиот велокрос, со оглед на тоа што за првпат земјата имаше своја натпреварувачка во оваа јуниорска категорија на Европско првенство.

За младата Далија, учеството на ваков меѓународен настан е драгоцено искуство и можност за стекнување дополнително знаење и искуство во конкуренција на најдобрите млади велосипедистки од Европа. Овој настап отвора ново поглавје за македонскиот велокрос и претставува важен чекор во неговиот понатамошен развој.

Најнови вести