ПРВ.мк
Спорт

Тензии во Ферари: Хамилтон јавно проговори за однесувањето на Леклер на патеката

Тензии во Ферари: Хамилтон јавно проговори за однесувањето на Леклер на патеката

Односите меѓу возачите на Ферари повторно се во центарот на вниманието, откако седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон изјави дека неговиот тимски колега Шарл Леклер се натпреварува поагресивно против него отколку против останатите возачи во Формула 1.

Тензиите се зголемија по трката за Големата награда на Мексико, каде што двајцата возачи на Ферари имаа директен дуел уште во првиот круг.

Леклер се обиде да го претекне Хамилтон од надворешната страна, но излета од патеката и подоцна доби казна од пет секунди поради стекнување предност.

На прашањето дали смета дека Леклер вози поостро против него, Хамилтон одговори: „Да, го гледам истото што го гледате и вие“.

Британецот направи споредба со дуелот меѓу Леклер и Макс Верстапен во Сингапур, оценувајќи дека пристапот на неговиот тимски колега бил поинаков.

Хамилтон нагласи дека од самиот почеток бил свесен колку силна позиција има Леклер во Ферари, со оглед на неговото долгогодишно присуство во тимот.

„Навистина се трудев да изградам добар однос со Шарл. Не е лесно кога во тимот доаѓа некој како мене, бидејќи сум многу директен и постојано барам промени“, изјави Хамилтон.

Тој додаде дека нема намера да се откаже од својот пристап.

„Тука сум за да победувам. За да победите, мора да соработувате со сите околу вас“, порача Британецот.

Шефот на Ферари, Фредерик Васер, претходно најави разговор со двајцата возачи по инцидентот во Мексико.

И покрај несогласувањата, Хамилтон изрази оптимизам дека Ферари следната сезона ќе има можност да се бори за шампионската титула.