Шпанскиот фудбал е потресен од трагедијата во која животот го загуби фудбалерот на Тенерифе, Хесус де Мигел, по судир со голманот на Андора, Хесус Овоно (25).
Двајцата фудбалери се судриле на средината од теренот, а напаѓачот на Тенерифе починал следниот ден како последица на повредите здобиени при судирот.
Според шпанска „Марка“, младиот голман тешко се справува со трагичниот настан, не излегува од својот дом и често плаче.
По враќањето на екипата во Андора, Овоно се повлекол од јавноста и времето го поминува со семејството и најблиските пријатели.
Неговата мајка му е најголема поддршка, а за да бидат покрај него во овие тешки моменти, пристигнале и негови поранешни соиграчи од Виторија и Сан Себастијан.
Во поддршката се вклучил и поранешниот шпански репрезентативец Жерар Пике, кој е мнозински сопственик на Андора.
Од клубот порачуваат дека нема да го остават голманот сам и дека ќе му ја обезбедат потребната поддршка.
Покрај семејството, со него се и соиграчите, тренерите, клупските вработени и неговите застапници, кои му помагаат во секојдневните обврски.
Трагичниот настан оставил последици и кај другите фудбалери на Андора, а според информациите од шпанските медиуми, на дел од нив им е потребна и стручна помош.
Смртта на Хесус де Мигел предизвика голема тага во фудбалската јавност, додека неговите колеги се обидуваат да се справат со последиците од трагедијата.








