Американската актерка и манекенка Кимари Џонсон, позната по појавувањето во култната телевизиска серија „Беверли Хилс, 90210“, почина на 50-годишна возраст.
Таа починала во средата, 4 ноември, во болница во Лос Анџелес, нешто повеќе од една недела откако доживеала сериозен здравствен проблем во својот дом.
Тажната вест ја потврди нејзината внука Ронда Скот, која открила дека актерката на 27 октомври доживеала срцев инцидент, по што итно била пренесена во болницата „Седарс-Синај“.
Според нејзините зборови, лекарите дијагностицирале срцева аневризма, а Џонсон починала мирно во болницата. Официјалната причина за смртта засега не е независно потврдена.
Кимари Џонсон се појави во 1998 година во осмата сезона на популарната серија „Беверли Хилс, 90210“, каде што го толкуваше ликот Џуди.
Две години подоцна глумеше и во комедијата „Dude, Where's My Car?“, заедно со Ештон Качер и Шон Вилијам Скот.
По раѓањето на нејзиниот син во 2003 година, накратко се повлече од актерството, но подоцна продолжи да работи на независни филмски и театарски проекти.
Покрај актерството, Џонсон се занимаваше и со продукција, манекенство и претприемништво. Во 2011 година основаше сопствен козметички бренд.
Нејзината смрт е уште една загуба поврзана со легендарната серија, чии обожаватели претходно се простија од Лук Пери, Џо Е. Тата и Шенон Доерти.






