ПРВ.мк
Спорт

Сопругата на познат фудбалер побегна со децата од Саудиска Арабија: „Тука повеќе не е безбедно“

Сопругата на познат фудбалер побегна со децата од Саудиска Арабија: „Тука повеќе не е безбедно“

Сопругата на англискиот фудбалер Оли Воткинс, Ели Воткинс, одлучила заедно со децата да ја напушти Саудиска Арабија и привремено да се врати во Велика Британија поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток.

Одлуката доаѓа само неколку месеци по големиот трансфер на англискиот напаѓач во саудискиот Ал-Хилал.

Ели ја соопшти одлуката преку видео на TikTok, нагласувајќи дека безбедноста на нејзините деца е најважна.

„Се случија одредени промени. Се вративме во Велика Британија и се надевам дека ќе останеме тука извесно време. Не знам точно колку ќе трае тоа, но поради конфликтите и моменталната ситуација во Саудиска Арабија, решивме да останеме додека состојбата не се смири“, изјавила таа.

Ели објаснила дека сакала на своите деца да им обезбеди помирно и постабилно секојдневие, далеку од неизвесноста и безбедносните ризици.

Триесетгодишниот Воткинс летово ја напушти Астон Вила и потпиша тригодишен договор со Ал-Хилал, во трансфер вреден околу 58 милиони евра.

Според медиумските информации, неговата годишна заработка во саудискиот клуб изнесува приближно 24 милиони фунти.

Во последните недели се пријавени зголемени безбедносни тензии и ракетни напади поврзани со јеменските Хути, што предизвикало загриженост кај дел од семејствата кои живеат во регионот.

Безбедносната ситуација влијае и врз спортските натпреварувања, а според објавените информации, одложен е и Азискиот куп планиран за јануари.

Засега не е познато кога Ели и децата би можеле да се вратат во Саудиска Арабија, додека семејството чека стабилизирање на состојбата.