ПРВ.мк
Спорт

ТАЖНА ВЕСТ ЗА ФОРМУЛА 1: Почина поранешен светски шампион, легенда на автомобилскиот спорт

ТАЖНА ВЕСТ ЗА ФОРМУЛА 1: Почина поранешен светски шампион, легенда на автомобилскиот спорт

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Австралиецот Алан Џонс, почина на 80-годишна возраст, оставајќи зад себе богата спортска кариера и значајно наследство во автомобилскиот спорт.

Џонс најголемиот успех го постигна во 1980 година, кога со тимот на Вилијамс ја освои титулата светски шампион, станувајќи првиот возач кој на британскиот тим му донел возачка шампионска титула.

Во шампионската сезона забележа пет победи и заврши пред легендарниот Бразилец Нелсон Пике.

Роден е на 2 ноември 1946 година во Мелбурн, а љубовта кон автомобилските трки ја наследил од својот татко Стен Џонс, кој исто така бил успешен возач.

Во Формула 1 дебитирал во 1975 година со тимот Хескет, додека првата победа ја остварил во 1977 година на Големата награда на Австрија, возејќи за Шадоу.

Неговото најуспешно поглавје започнало во 1978 година со преминувањето во Вилијамс.

Во текот на кариерата остварил 12 победи и 24 пласмани на победничкиот подиум.

По првото повлекување во 1981 година, накратко се вратил на тркачките патеки, а последниот настап го имал во 1986 година во Аделаида.

По завршувањето на кариерата останал поврзан со Формула 1 како телевизиски коментатор и стручен аналитичар.

Од него се прости и неговата сопруга Аманда, истакнувајќи дека целиот живот го посветил на автомобилскиот спорт и оставил наследство кое ќе живее со генерации.